Багажот најчесто се губи или испраќа на погрешна адреса, кога патувањето има неколку преседнувања. Секое наредно преседнување за зголемува шансата за навремено пристигање на багажот. Постојат повеќе причини за губење на багажот: ако патникот пристигне касно на летот, може да нема доволно време багажот да биде утоварен на летот. Ако ознаките случајно се извадат, аеродромските служби нема да знаат каде да го испратат. Чести се и човечките грешки: погрешно читање на ознаките или погрешно испраќање на багажот. Повремено, во авионот може да нема доволно простор или да го достигнал максимомот на доволено утоварениот багаж. и каснењето поради сигурносни причини може да предизвика багажот да оди со следниот лет за истата дестинација.

Во случај багажот да не дојде со патникот, авиокомпаниите ги снабдуваат патниците со тоалетни потребштини, облека, и други основни потреби ако аеродромот на кој се пристигнати е далеку од нивната татковина. Најчесто, кога ќе пристигне багажот кој касни, службата за испорака ќе го достави до домот или хотелот на патникот. Оваа услуга за патникот е бесплатна.

Патниците се советуваат сите основни работи да ги носат во рачниот багаж, вклучувајќи резервна облека, и се што не би сакале да изгубат заради материјалната или емоционална вредност (овде се исклучени предметите кои се на листата на забранети предмети, кои не смеат да се внесуваат во кабината за патници). Понекогаш багажот потполно се губи и не може да се пронајде. Авиокоманијата во тој случај ќе го обештети сопственикот на багажот. Патникот мора да состави листа со предметите кои биле во багажот и да пополни барање.

За време на патувањето багажот може да биде и оштетен, но најголемиот број на оштетувања (како скршено тркало или рачка) не се покриени со договорот за превоз (авиокарта). Некои авиокомании, сепак ќе ви поправат ваков вид на штета во знак на добра волја, или ќе ви понудат ваучер за некој следен лет. Генерално, авиокомпаниите водат сметка багажот (куферот, торбата) да биде заштита на содржината за време на превозот. Ако багажот (куферот, торбата) е оштетен, дури и малку, но содржината не е, авиокоманиите сметаат дека багажот ја исполнил сојата улога и нема да го обесштетат неговиот сопственик.

Нашата мисија е едноставна: да помогнеме.

Без разлика на причината која довела до каснење на багажот, во моментот кога тој ќе пристигне на аеродромите во Скопје или Охрид, започнува нашата мисија. Врз основа на записникот за изгубен багаж, кој се прави кога ќе се утврди дека багажот не е дојден заедно со неговиот сопственик по доаѓањето на аеродромот во Службата за изгубено најдено, при аеродромот, нашите вработени прават селекција на багажот по дестинација и се организира неговото доставување до патникот. Патникот се контактира, на доставените контакти, се проверува адресата за достава и се договара приближното време на достава.

Во случаи кога доставата е итна, информација која се добива од авиокоманијата или од самиот патник, истата се организира во најкраток можен рок.

Работното време на нашата служба е 24/7.

Брз контакт

Контакт инфо

ДТД дооел

Воденска 1-1/5
1000, Скопје
+389 70 23 87 97

регулатива на ИАТА